ОМД го информираа Иванов за иницијативата за бојкотирање на референдумот

Претставници на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), вчера се сретнале со претседателот Ѓорге Иванов и го потврдиле долгогодишниот став на ОМД против промена на името, ставот против договорот што го потпишаа министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас.

На средбата со Иванов биле претседавачот на ОМД, Стојан Николов, и членот на Советот на ОМД, Љубен Тодоровски. Тие го информирале Иванов за иницијативата на глобалното движење „Ние Сме Македонија“ за бојкотирање на референдумот и сите обиди против овој, како што велат, „неуставен договор” да влезе во сила.

Претставниците на ОМД му се заблагодариле на претседателот за неговото лидерство и ангажман во одбрана на македонските национални интереси, за неговиот придонес во работата со Школата за млади лидери, како и за неговата претстојна посета на Детроит во организација на ОМД.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top