ОН: криумчари турнале над 300 мигранти во море кај брегот на Јемен

Шверцери со луѓе турнале од бродови во море во близина на брегот на Јемен над 300 мигранти..

Станува збор за два случаја во изминативе два дена. Најмалку 56 од мигрантите се удавиле, додека многумина други се водат како исчезнати. 

Меѓународната организација за миграции соопшти дека мигрантите биле главно од Сомалија и Етиопија и оти биле намерно фрлени во море. 

Од јануари годинава околу 55 илјади мигранти ги напуштија земјите на Африканскиот рог. Во минатата година на брегот на Јемен пристигнале над 110 илјади мигранти.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top