ОН со повик до државите за помош во борбата против еболата

Овде секојдневно допатуваат околу 160 луѓе од Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја бидејќи нема директни летови до другите делови од САД..

Нова линија на борба против еболата се отвори на главните аеродроми во САД. Во Њујорк на Џон Кенеди, Либерти во Њуарк, Дејлс во Вашингтон, О-Хара во Чикаго и на Хартсфилд-Џексон во Атланта почна скринингот на патниците. Им се мери температурата и треба да одговорат на серија прашања.

„Ја зголемуваме заштитата за луѓето што доаѓаат во земјава и за Американците што патуваат“, рече д-р Томас Фрајден, директор на Центарот за контрола на болести на САД.

Овде секојдневно допатуваат околу 160 луѓе од Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја бидејќи нема директни летови до другите делови од САД. Американското здравство се сепна по случајот на Либериецот Томас Данкан кој почина во Далас без да биде навреме регистриран. Во САД се полни со исплашени пациенти, иако не биле во Западна Африка. Но карантинот се крши - тимот новинари од НБЦ, кој бил во контакт со заразениот камерман е под полициски надзор откако ја прекршил самоизолацијата. ОН ги повикаа сите нации на мобилизација со најтешката епидемија на ебола до сега.

„Ги повикувам сите земји коишто можат да испратат војници, лекари и ресурси. Воспоставуваме логистичка поддршка, но ни требаат 20 пати повеќе ресурси и брзина за да го пресечеме ширењето на еболата“, рече Бан Ки Мун, генерален секретар на ОН.

Специјалниот пратеник за ебола на ОН предупреди дека светот можеби ќе мора да живее со болеста засекогаш освен ако во борбата не се мобилизира секоја земја.

„Работам како лекар веќе 35 години, сум бил вклучен во многу епидемии и пандемии, но никогаш не сум се соочил со предизвик како овој“, д-р Дејвид Набаро, ОН.

Поради ебола кризата, првпат е активирана Меѓународната повелба за вселена и големи катастрофи, која обезбедува сателитски снимки за мапирање на опасности. Во страв од вирусот, Мароко побара одложување, на Купот на африканските држави, но Африканската фудбалска федерација не прифати, а во Либерија се одложуваат изборите за сенатот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top