Опасен вирус краде биткоини за хакери

Да се стигне до еден биткоин сега е многу тешко бидејќи цената веќе се ближи до 8000 долари, а процесот на „копање“ преку блокчејн е доста долг и помалку комплициран..

Затоа хакерите решија да заработат преку ноќ и на многу полесен начин со тоа што креирале нов опасен вирус кој е специјално наменет за кражба на биткоини.

Вирусот е детектиран од руската компанија за сајбер безбедност Kaspersky Lab која ги предупредува корисниците и сопствениците на биткоинот кои може да останат без своето вредно портфолио на криптовалути и вложените средства. 

Новиот опасен вирус CryptoShuffler се активира кога корисникот се обидува да префрли пари од една на друга сметка, а притоа детектира неговиот опис и основни информации кои хакерите ги копираат и потоа злоупотребуваат за кражба на биткоини или друг вид на криптовалути. 

Потоа на корисникот на биткоин му подметнуваат лажна веб адреса за внес на податоците кои се неопходни за вршење на трансакцијата каде хакерите прикажуваат своја сметка и на тој начин добиваат криптовалути вредни стотици илјади долари. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top