Опозицијата во Албанија официјално се откажа од учество во изборите

Дваесет опозициски партии денеска испратија писмо до Централната изборна комисија на Албанија дека нема да се регистрираат како учесници во изборите ниту како поединечни партии ниту како опозиција, официјализирајќи го така својот бојкот на изборите..

Тие велат дека ќе стојат на одлуката се додека не се постигне политички договор што ќе овозможи слободни и фер избори.

„Партиите од опозициската коалиција денеска формално застанаа зад одлуката да не се дозволат фалш избори, избори купени со пари од дрога и криминал. 

Ќе учествуваме на изборите само ако се формира техничка влада со широка политичка поддршка, која ќе овозможи примена на законите за процесот на декриминализација, ефикасна борба со трговијата со дрога, борба против организираниот криминал и перењето пари од дрогата, како и ќе создаде услови за слободни и фер избори“, порача Демократската партија, која е предводникот на бојкотот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top