Опсерваторија: Во израелските напади во Сирија загинале 42 лица

Во низата израелски напади на наводни воени позиции во Сирија оваа недела, загинале 42 лица, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон..

Според податоците на Опсерваторијата, во четвртокот животот го загубиле 27 лица, единаесет ирански и шест сириски војници, пренесе АП.

Опсерваторијата додава дека во нападите изведени во вторникот убиени се најмалку 15 лица, меѓу кои и осум Иранци.

Израел соопшти дека нападите во четвртокот биле одмазда за иранските ракетни напади на израелските позиции на Голанската висорамнина.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top