Оптимизам во Реал: Азар не е тешко повреден, но дали ќе игра во Ел Класико?

Белгискиот репрезентативец Еден Азар доживеа уште една повреда, втора откако дојде во Реал и мораше во второто полувреме од мечот со ПСЖ да го напушти теренот на Бернабе..

Првите информации не беа оптимистички, но во текот на ноќта извонредниот фудбалер имал подетални прегледи кои покажале дека нема повреда на коските и поради паузата не би требало да биде долга, освен тоа што се работи за место на кое Белгиецот и порано имал повреда. Сепак, прашање е дали ќе биде подготвен за Ел Класико до кое има уште три недели.

Многу повеќе информации ќе се знаат во текот на денешниот ден, но ако Азар не игра, тоа ќе биде голема штета за Реал, пред се затоа што поранешниот играч на Челси тукушто почна да влегува во својата најдобра форма.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top