Oрбан: Имиграцијата ќе ја подели Европа нa два дела

Повторно, тој ги истакна своите анти-имигрантски идеи за иднината на Европа..

Имиграцијата ќе ја подели Европа на два дела, рече Виктор Орбан. Според унгарскиот премиер, ќе има две различни култури: исламско-христијанска на Запад и традиционално европско-христијанска во Централна Европа.


Орбан ја поддржа идејата за обединување на антиимигрантските и евроскептичките партии во Европа. Тој ја пофали Италија и Полска, кои вчера зборуваа за таква Алијанса.

Унгарскиот лидер го нарече екстремно десничарскиот вицепремиер на Италија, Матео Салдини, "мојот херој".


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top