Орбан: Земјите од Источна и Централна Европа се спремни за кинеските инвеститори

Виктор Орбан истакна дека 16-те земји кои учествуваат на собирот го претставуваат „моторот“ кој стои зад европскиот економски раст, а дека за остварување на целосниот потенцијал им требаат „моќни сојузници“..

Ли на собирот најави дека Кина планира да вложи околу две милијарди евра во развојот и инвестициските проекти во Централна и Источна Европа, кој во последните години ја гледа како исклучително интересен регион, а соработката со тие земји е корисна за сите учесници. „Во последните години економската соработка на Кина со регионот на Централна и Источна Европа (ЦЕЕЦ) постепено се зголемува“, истакна кинескиот премиер.

На 6-от самит учествуваат шефовите на владите на Албанија, БиХ, Бугарија, Чешка, Естонија, Хрватска, Летонија, Литвнија, Македонија, Црна Гора, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија и Унгарија. Првиот самит беше одржан во Варшава во 2012, вториот во Букурешт во 2013, третиот во Белград во 2014, четвртиот во 2015 во Кина, а петтиот минатата година во Рига.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top