Организаторите на протестот до Вучиќ: Вие не може да нè уплашите, вистината е на наша страна

Организаторите на вчерашниот протест „Стоп на крвавите кошули“ му порачаа на Вучиќ дека неговите кампањи не ги уплашиле затоа што од стравот, посилна им е желбата да живеат во слободна земја, во која секој човек се почитува и е подеднакво важен..

Организаторите на протестот „Стоп на крвавите кошули“ испратија отворено писмо до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во кое се наведува дека „Ви пишуваме на вас за да остане јавна трага за тоа како Србија стана земја на насилство, омраза и јавно дискредитирање“ за време на неговото владеење.

„Добивте мандат за да бидете претседател на сите граѓани, а не да се пресметувате со оние кои се осмелуваат да мислат. Сакате поданици, а не граѓани. Тоа е причината зошто денес имате колона од оние кои не сакаат да живеат во општеството кое го создавате“, се вели во пораката испратена од меилот стопнаквравитекошули (stopkrvavimkošuljama).

Тие истакнаа дека протестите нема да престанат, дури и ако секој ден се објавуваат најлоши лаги за учесниците, додавајќи дека тие протести не се предизвикани од страна на организаторот туку претставуваат одговор на граѓаните за неговото владеење, секојдневното насилство и лаги.

„Време е да сфатите дека не можете да исплашите пет милиони граѓани, а со тоа ниту еден од нас. Ние ја имаме вистината на наша страна, а вие се друго“, се вели во пораката, пренесе Н1.

Како што е наведено писмото е испратено до Вучиќ, бидејќи тој е „уредник на речиси сите медиуми во Србија“. „До вас, бидејќи за вас уредниците на таблоидите се луѓе кои „особено ги цените“.

Демонстрантите му порачаа на Вучиќ дека јасно ставил до знаење дека во земјата има граѓани, родители и деца од втор ред.

„Сите оние кои се осмелуваат да се чувствуваат слободни да кажат што мислат, стануваат непријатели и треба да се „удават“ во калта на таблоидите. Секој ден непријателот е нов. Во минатото тоа беше Славко Чурувија и Оливер Ивановиќ, а денес ние сме вашата мета. Денес ние „зависници од дрога, странски платеници, предавници“. Дали не казнувате затоа што во едно интервју се осмеливме да истакнеме со какви неправилности владеете или затоа што организираме протести за граѓаните да покажат дека не ви се плашат? Дали не казнувате поради тоа што бараме да се почитуваат законите и сите граѓани да имаат еднакви права“, прашаа тие.

Тие продолжија:  „Дали ги казнувате нашите родители затоа што нѐ научиле да мислиме слободно? Дали ги казнувате нашите баби и дедовци, бидејќи ни кажуваа секогаш да ја држиме главата крената? Дали ние, нашите семејства, луѓето кои (денес) одат, се за вас граѓани од втор ред и непријатели? Дали треба сите да бидеме полиени со катран и пердуви за да се скрие вистината? Дали треба да престанеме да постоиме?“

Покрај Белград, вчера се организираа и граѓански протести во Ниш, Крагуевац, Пожега и Нови Сад.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top