Оркестарот „Дрим Тим“ и помага на Македонската Армија

Одличен гест на оркестарот „Дрим Тим“ под раководство на Сашко Велков.

Соработката во музиката продолжува со меѓусебна солидарност и поддршка и во ситуацијата кога се справуваме со „Ковид19“. 

Професионалната поврзаност на воениот оркестар со музичкиот оркестар „Дрим Тим“ резултираше со денешна донација на 1500 заштитни маски за повеќекратна употреба кои се наменети за припадниците на Армијата кои ќе ги користат овие средства за активностите со кои се вклучени во справувањето со пандемијата. 

За изработката на маските се погрижија вработените на конфекција ЕИТА - Кочани.

Благодарност до „Дрим Тим“ под раководство на господинот Сашко Велков.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top