Османи: Двоглавиот орел значи јас сум Албанец, нема претензии

За вицепремиерот Османи несериозни се повиците на ВМРО-ДПМНЕ за бојкот на Законот за јазиците, од опозициската партија не го менуваат ставот..

Несериозни се повиците на опозициската ВМРО ДПМНЕ за бојкот на Законот за употреба на јазиците смета вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Целта на Законот како што вели Османи е да ги интегрира албанците и да им ја олесни комуникацијата со државните органи.

Во врска со сликата на социјалните мрежи на која тој и неговиот партиски лидер Али Ахмети се со вкрстени раце како симбол на двоглав орел, Османи вели дека не рефлектирала никакви националистички и големоалбански претензии.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ останува на повикот за бојкот на Законот за употреба на јазиците. Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев одговарајќи на прашање дали со ваквиот став очекува албански гласови на претседателските избори рече дека се против неуставната процедура на носење на законот.

Влада ги отфрли како неочни обвинувањата на најголемата опозициска партија тврдејќи дека ЗУЈ не предвидува дополнителни вработувања во општините во кои граѓаните на немнозинските заедници се помалку од 20 отсто. Централна агенција ќе ги опслужува општините и другите институции во оние населени места каде што мнозинството граѓани се Македонци. Во тие градови, во случај кога некој граѓанин од албанска, ромска, бошњачка, српска или друга етничка заедница ќе има потреба од комуникација и ќе се обрати на друг јазик, покрај македонскиот, тогаш Централната агенција ќе им излезе пресрет на тие граѓани и ќе ја преведе комуникацијата за потребите на граѓаните коишто се обраќаат, велат од Влада.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top