Османи ќе го презентира статусот на имплементацијата на планот 3-6-9

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе биде презентиран статусот на имплементацијата на планот 3-6-9..

Презентацијата се случува во пресрет на објавувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија на евроинтегративниот пат на 17 април.

Вчера Османи во Брисел пред високата претставничка Федерика Могерини го презентираше напредокот на планот.

„Доаѓам со добри вести од Република Македонија. Онака како што ветивме пред девет месеци, навреме испорачавме реформи во соодветниот период за Извештајот на Комисијата позитивно да го оцени нашиот напредок“, истакна Османи во Брисел.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top