Османи: Не му помага на Мицкоски Законот за јазици

Законот за јазици не треба да биде партиска тема и за тоа да се обидуваат да поентираат, вели Османи..

Не сум среќен кога Мицкоски зборува на прес конференција за Законот за јазици, изјави вицепремиерот Бујар Османи во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus” 

– Законот за јазици не треба да биде партиска тема и за тоа да се обидуваат да поентираат. Затоа велам, не му помага на Мицкоски оваа тема – рече Османи.

Османи демеантираше дека рекол оти е можно да има војна ако има проблем со Законот за јазици.

-Тоа се  fake news. Пред 2001 имавме носење на одлуки само од една страна. По 2001 година одлуките се носат со консензус и така треба да биде. Со војните завршивме, сега ни треба заеднички јазик – рече Османи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top