Османи: Никој нема да го штити Асани

Вицепремиерот, Бујар Османи, ги повика денеска надлежните да преземат мерки во врска со навредите и заканите што Беќир Асани од ДУИ му ги испраќал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани..

Тој денеска го осуди однесувањето на Асани и рече дека ниту тој, ниту Владата, нема да штитат никого.

-Наша волја е да создадеме законска рамка за да можат новинарите да ја завршат слободно својата работа, и политичка волја да осудиме и да им помогнеме на новинарите во остварувањето на нивните задачи. Ова го правиме без никакво двоумење или заштита на кој било вклучително и највисок претставник на некоја политичка партија, така што немаме дилема во тој дел – рече Османи.

Во врска со Законот за употреба на јазици, Османи додаде дека пакетот реформски закони не доцнат од тие причини, туку затоа што опозицијата одлучи да ја бојкотира работата на Собранието.

-Во последно време имаме најави дека опозицијата ќе ги спречи реформите во правосудството ако се изгласа законот за јазици, а тоа е врвот на несериозност. Изјавата да се собереме моноетнички за да спречиме нешто од рамковниот договор е страшна – додаде тој.

Вицепремиерот подвлече дека Владата има одлучено што сака да постигне на крајот од мандатот, а тоа, како што рече, е Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО.

-Нема да направиме компромис со овие цели и со плановите кои сме ги поставиле за постигнување на истите, а новата структура на ВМРО-ДПМНЕ не смее на овој начин да подига меѓуетнички тензии – изјави Османи.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top