Османи: Почетокот на преговорите ќе ги зацврсти европските перспективи на Западниот Балкан

Вицепремиерот Османи посочи и на континуираната политичка и економска билатерална поддршка од страна на Словачка, која во овој период има особено значење за евроинтегративниот процес..

Интеграцијата на Северна Македонија, но и на земјите од регионот во ЕУ, претставува значаен елемент во изградбата на постабилна, побезбедна и попросперитетна Унија, и во оваа насока, почетокот на преговорите со Северна Македонија, претставува значаен израз на европските перспективи на целиот регион – истакна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи по средбата со министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка, Мирослав Лајчак.

Тој му се заблагодари на Лајчак за силната словачка поддршка за европската интеграција на земјава, особено од аспект на последната иницијатива на дел од земјите – членки, меѓу кои и Словачка, преку заедничка декларација јавно да ја демонстрираат поддршката за европските интеграции на земјава и регионот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top