Османи: За СЈО напоредно да се преговара со опозицијата, но и да се бара собраниско мнозинство

Бујар Османи бара преговори со ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за судбината на СЈО и истовремени разговори со пратениците во потрагата по двотретинско мнозинство, најави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи откако вчера разговорите меѓу власта и опозицијата завршија без договор.

– Очигледно дека вчера таа рунда не успее да даде резултати. Сметам дека треба да се работи паралелно во две траектории: и во продолжување во обид да се најде консензус, но и во комуникација со пратениците за да се обезбеди мнозинство во Собранието – рече Османи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top