Османи: Загрижени сме за назначувањето на Еролд Муслиу

Вицепремиерот Бујар Османи изјави дека неговата партија е загрижена по одлуката на претседателот Стево Пендаровски да го назначи Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање..

“Вчерашната одлука на претседателот нe вознемири сите. Мислиме дека тоа беше одлука донесена од недостаток на информации”, рече Османи.

Османи додаде дека се додека предметот Куманово не биде целосно разјаснет, инволвираните лица не можат да заземат клучни позиции во институциите. Тој се надева дека претседателот ќе го разгледа изборот на Муслиу, за кој верува дека не го направил за други цели.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top