Останува костурот на Вардар: По Чупиќ, потпишаа уште тројца ракометари!

Сергеј Самсоненко наскоро ќе биде само историја во Ракометниот клуб Вардар, но и без него актуелниот европски шампион ќе има силен состав..

Веќе почнаа активностите околу формирањето на екипата за идната сезона. 

Иван Чупиќ го продолжи договорот, а по него тоа го направија уште тројца. Станува збор за Тимур Дибиров, Стојанче Стоилов и Кристијано Дисингер. 

За македонскиот репрезентативец немаше дилеми, но Дибиров неодамна беше поврзуван со Мешков Брест, додека Дисингер зборуваше дека само чудо може да го задржи во Скопје.

Засега, единствените двајца кои заминуваат од Вардар се Толедо и Горбок, а во следниот период ќе се знаат и засилувањата за новата сезона.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top