Осуммина обвинети за планирање терористички напади во Франција

Седуммина се во притвор, а на осмиот обвинет му е одредена судска контрола, во согласност со барањата на обвинителството..

Во рамки на истрагата за планирање терористички напади во Франција, обвинети се осум лица, уапсени претходно оваа недела во акција на француската и швајцарската полиција, пренесуваат француските медиуми, повикувајќи се на информации од правосудни извори.

Како што пренесуваат, осомничените биле уапсени во вторникот, а вчера биле изнесени пред судот за борба против тероризам. Тие се обвинети за учество во терористичко криминален заговор.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top