Oткриено од кој меч во Италија почна Корона катастрофата: Тоа беше биолошка бомба!

Корона вирусот направи потполен хаос во целиот свет, а најпогодена европска земја е секако Италија, или северниот дел од „чизмата“..

Фабијани Ди Марко, директорот на пулмологија во болицата „Папа Џовани“, во Бергамо, открива морбидни детали од тоа колку луѓе умираат секој ден.

Ди Марко се присети на денот кога почна епидемијата, на 21 февруари и колку сите беа неподготвени на она што ќе им се случува во следните месец дена.

Бергамо е град со убедливо најкритична ситуација. Во цела Италија има околу 53.000 заразени, од кои 4.825 мртви до синоќа, што е апсолутно стравична бројка.

„Знаев дека се подготвува катастрофа по 1. март. Рано наутро влегов во собата за итни случаи и видов нешто кое нема никогаш да го заборавам. Тоа беше војна, немам друга дефиниција. Пациенти насекаде со воспаление на градите, се бореа да дојдат до воздух. Беа на колички по ходниците“.

Директорот Ди Марко исто така го запрашаа, како се случи се така наеднаш и од каде дојде напливот на заразени.

„Слушнав многу приказни и теории, а јас ќе ви кажам што мислам. Тоа беше 19 февруари, а 4.000 луѓе од Бергамо беа присутни на Сан Сиро (Аталанта – Валенсија) мечот во ЛШ. Тие сите заминаа со автобус, со коли, со возовите, тоа беше биолошка бомба, за жал“, констатира Ди Марко.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top