Отпишаниот фудбалер на Барса се сели во Премиер лигата

Според шпанските медиуми, фудбалерот кој не се снајде на „Камп Ноу“ би можел да се пресели на Островот..

Андре Гомеш во Барселона своевремено пристигна како големо засилување, но португалскиот репрезентативец не се снајде најдобро во Каталонија.

Притисокот со кој се соочи е преголем, негативните реакции кај навивачите во претходниот период беа пресудни за неговата лоша форма, иако тој доби овации и силна поддршка откако сето тоа го призна јавно. Сепак, се појасно е дека тој летово ќе ја промени средината.

Уште летоска постоеше интерес за него од Премиер лигата за неговите услуги, во своите редови го сакаше и Вест Хем, но „Чеканите“ е успеаја да се договорат со Барселона.

Според каталонски „Спорт“, Вест Хем и понатаму е заинтересиран за неговите услуги, но тешко ќе дојде до неговиот потпис, со оглед на тоа дека во трката се вклучи и поуспешниот Тотенхем

Маурисио Покетино верува дека Португалецот одлично ќе се снајде во Премиер лигата. Откупната клаузула на Гомеш е 100 милиони евра, но јасно е дека никој нормален не би платил таква сума, па останува да се види која е сумата која ќе ја побара Барса.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top