Отворено Писмо до Македонците во Македонија

Фејсбук статус на Нестор Огинар.

Зарем мислите дека на нас Македонците, вашите браќа и сестри што со генерации живееме во Македонскиот Прогон, ни е многу полесно од вас таму кога нашите корени сеуште никој не успеал , ниту некогаш ќе успее да ги пресече?!

Јас ве разбирам и ја делам вашата судбина колку и вие мојата.

Крстот мој Македонски јас по светов туѓ на свој грб го носам половина столетие, и со свои нозе чекорам кон мојата лична Голгота .

Со минувањето на времето и годините осознавам дека животот не е пат кон распетието туку напорно качување до врвот на мудроста.

Да не се лажеме, 
Никогаш нема да созрееме ако не го научиме тоа наравоучение.

Јас го почнав моето животно патешествие надвор од Македонија во 1969 година. 
Имав 22 години кога од возот фрлив последен поглед кон расплаканите лица на таткоми и мајками на железничката станица во Скопје.

Излегов од Македонија во која секоја вечер, секое утро, секој миг се славеше ликот и делото на "другарот" Тито, на партијата , на идеологијата со која никогаш не се согласив како Македонец.

Ми се гадеше од поданичната улога на тогашната КПМ , па СПМ кон Белград.
Јас се чувствував како Македонец во секој смисол на зборот, но од мене бараа Македонецот во мене да му го потчинам на нешто друго.

Заминав затоа што чувствував дека Македонецог во мене се гушеше во туѓата идеологија на " Југославија".

Зад себе оставив општество во кое Македонскиот народ живееше задоволен со она што му беше дадено од Белград и партијата.

Народот живееше поарно од денес кога живее со она што му е дадено од партијата на криминалецот Груевски во Скопје.

И сега јас се прашувам:

Знаете ли вие како се чувствувале нашите Македонски браќа и сестри прогонувани од нивните огништа од Беломорска Македонија, од Пиринска Македонија, од Македонските окупирани делови од Србија и Албанија?

Додека многу Македонци на сиот глас викаа : " Да живее Тито!", како што сега викаат за Никола и Зоран, и за тоа со потпросечно образование добиваа високи партиски и општествени функции, како што тоа и денес го чинат, јас ги чистев улиците на Њу Јорк, возев такси во ноќна смена, гладував , и наутро наместо доручек јадев паста за заби за да моите три деца имаат млеко да се напијат?!

Додека јас работев три смени за да магистрираме и докторираме заедно со мојата сопруга, лигави и недораснати партиски безр'бетни ползачи во Македонија од двете партии ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ стануваа директори, дипломати, министри и милионери за една или две години.

И сега, додека сите заедно како Македонци го носиме крстот кон нашата Голгота, зарем не е време да востанеме против сите оние Јуди што не предадоа, против сите оние Понтиј Пилати што ги перат рацете со крвта што сите ја пролеваме распнати на Македонскиот Ксрт?!

Ако Македонија не ни припаѓа нам Македонците, каде и да сме, тогаш таа не му припаѓа ниту на Никола Груевски, Ниту на Зоран Заев , а најмалку на потписниците на "Албанската Платформа"!

Македонија им припаѓа на оние што ја заслужуваат !



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top