Ова е Македонија каква што сакаме: Ги приземјивме и Црногорците

Втора победа за Македонија на ЕП во Хрватска.

Добро тргнавме во мечот, отварајќи ги со предност од 0-2 со головите на Талевски и Лазаров. Во продолжение водевме уште еднаш со +2 (2-4), но по петата минута дојде во пад на играта кај Македонија. Црна Гора со добро изработени акции направи серија од 4-0 за пресврт и прво водство (6-4).

Гонзалез повика минута одмор, но и тоа не вроди со плод откако со двата гола на Грбовиќ во низа, поведоа и со +3(8-5). Сепак кризата беше пребродена па на почетокот на 20. Минута преку Манасков повторно се вративме во водство (10-11), а во првиот дел во позитива бевме уште при резултат од 12-13. Црногорците до крајот на  првите 30 минута повторно направија пресврт и на одмор замина со минимална позитива од 16-15.

Како и претходното, така и второто полувреме го започнавме во грч, постојано бркавме негатива за да во 42. минута со голот на Манасков за првпат поведеме во второто полувреме (19-20). Кузмановски во продолжение влезе во ритам, па погоди и за (19-21).

Македонија во продолжение продолжи да доминира, Филип Лазаров по цепелин погоди за 20-23, а +4 ни донесе Манасков во контра (20-24). Сепак во завршните минути самите се доведовме во ситуација до последен момент да стравуваме за победата. Црна Гора дојде на -1 (27-28), но не дозволивме да ја испуштиме победата. Борко одлично одбрани на Анѓелиќ во последниот напад, па така на крај славевме со 28-29.

Филип Кузмановски одигра одличен меч откако го заврши со 7 гола, додека по 4 дадоа Кире Лазаров, Миркуловски и Манасков.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top