Oва се благотворните дејства на сода бикарбоната!

Сигурно сте слушнале за сите добри страни на сода бикрабоната, а сега дојде време да ги пробате!.

Сода бикарбоната е многу евтина, но може да биде моќен сојузник на вашето здравје!

Постојат бројни домашни рецепти со сода бикарбона кои се користат од настинки до некои сериозни здравствени проблеми.

Може да се применува за спречување на дијареа, за намалување на киселината во желудникот, третирање на чир и сл. Исто така може да спречи формирање на камен во бубрезите и инфекција во мочниот меур.

Покрај внатрешната примена, сода бикарбоната може да се користи и за различни препарати кои ја чистат кожата и ја прават сјајна и здрава.

Дури и за некои обични тегоби, како болка во мускулите по напорниот тренинг можете да примените сода бикарбона и да го решите проблемот.

Доколку ве мачат габички на ноктите, само нанесете малку сода бикрбона на четкичката за нокти и добро истријте ги.

Сода бикарбоната е добра и за белеење на забите, мијте ги забите еднаш неделно со сода бикарбона, веднаш ќе ви станат побели.

Препорачливо е и лицата кои се потат прекумерно еднаш неделно да го измијат телото со сода бикарбона, особено пазувите, под градите, интимните делови, така непријатните мириси ќе исчезнат.

Употребувајте ја често, но сепак не ја злоупотребувајте и веднаш ќе ги почувствувате позитивните промени.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top