Оваа недела ќе се одржи „Pink On The Park“ 2019

Оваа недела сите патишта водат кон Вилијамстон на акцијата „Pink On The Park“ кој за прв пат ќе се одржи за помош на заболените од рак на дојка..

Aкцијата е посилна од зборовите. MACO – Македонско Австралиската Организација на Заедницата зборува само со акции. Досега МАСО има огранизирано многу настани. Следниот Настан кој што оваа организација го организира е „PINK ON THE PARK“.

Овој настан е хуманитарна акција организирана во чест на сите оние кои страдале и страдаат од Рак и метастази на Ракот.

Сите добро знаеме дека во денешно време науката успеа да открие лек за ракот на дојката и скоро 95% од ова заболување се лекува ако е откриено на време.

На настанот присутните ќе добијат информации во врска со превенција и навремено откривање и лекување на ракот на дојка.

Исто така околните ресторани ќе нудат храна по поволна цена за сите.

Присутните ќе имаат ден исполнет со најразновидна забава, имено ќе уживаат во песна, оро и егзибиции на уметници. 

Главна атракција на денот ќе бидат Бела Пејџ, Благојче Стојановски – Туше, играорната група од Нов Јужен Велс „Душа Балкана“, КУД Јане Сандански од Мелбурн, Прицеза Јасмина, Индиско шоу , Руски игри и многу други изненадувања. 

Треба да знаете дека секој ресторан во кој што има розева плаката од секој ручек оддвојуваат и донираат средства  за испитување и пронаоѓање лекови тешката болест Рак (Cancer Research).


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top