Оваа недела сите патишта водат на Македонскиот Фестивал на храна во Футскрај, Мелбурн

Почнувајќи од Williamstown 2012 година Македонскиот фестивал на храната, прерасна во еден од десетте најпопуларни фестивали во Викторија..

На 28 октомври во Мелбурн, Австралија по седми пат ќе се одржи Македонскиот фестивал на храна.  

И овој пат македонските културно уметнички друштва, спортските клубови, заедно со социјалните друштва ќе ја претстават  Македонската култура преку храна, песна и оро овде во далечна Австралија.

Како и секогаш,  фестивалот ќе биде збогатен и со културно уметничката програма. 

Оваа година покрај повеќето културно уметнички друштва од Викторија, свој придонес со своето присуство ќе дадат и пет културно уметнички друштва од Сиднеј. 

За фестивалот да биде уште поубав и повесел ќе се погрижат естрадните ѕвезди Благојче Стојановски - Туше, Вера Трајковска, Џими Стојановски, Изабела Јошески (Bella Paige), Golden Boys, а исто така ке настапи и танчерката Јасмина (Princess Jasmina).

Почесни гости ќе бидат Russichi, Sam Goroya и Golden sands.

Оваа година организаторите одлучија на културно уметничките друштва од Мелбурн кои континуирано настапуваат седум години по ред и го подржуваат фестивалот како награда да им доделат десет нови носии.

Ова е единствен македонски фестивал кој зазеде посебно место во календарот на популарни настани во Мелбурн.

Организаторите ги покануваат сите Македонци и нивни пријатели да  одвојат дел од своето време и со своите семејства да дојдат да го вкусат вкусот на Македонската храна, да уживаат во богатата културно уметничка програма и воедно да ја продолжат традицијата на своите предци кои што со години овде во далечна Австралија се бореле да се зачува она нашето Македонското.

Драги Македонци да го посетиме овој наш фестивал во недела во што поголем број и да покажеме дека ние Македонците сме единствени и дека не има во огромен број овде во далечна Австралија, да испратиме јасна порака дека сме тука и дека си ја негуваме традицијата и културата иако сме далеку од родните огништа.

Датум: 28 Октомври, 2018 

Почеток: 10.00 часот наутро 

Место: Footscray Park 


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top