Овој понеделник во Македонскиот центар во Епинг ќе се одржи игранка „Back to the 80s Epping Days“

Бидете дел од овој голем настан на кој што ќе се потсетиме на 80-тите и 90-тите години, од амбиентот, културата, познанствата што ги стекнавте во овие години и што е најважно, апелирајте до вашите блиски пријатели да бидат дел од овој настан..

Овој понеделник ден пред големата трка на Мелбурн Купот во Македонскиот Центар (Heritage Bar) ќе се одржи забава под наслов „Back to the 80s Epping Days“.

На оваа забава која е организирана од Македонскиот музички состав Фонтана Бенд од Мелбурн на чело со естрадниот уметник Том Кантаровски кој Македонците многу добро го познаваат во Мелбурн и пошироко ќе имаме можност повторно преку таа забава да се потсетиме на забавите кои беа организирани секоја недела во 80-тите и 90-тите години.

Овој пат честа да не забавува им прпадна на музичкиот состав групата Фонтана од Мелбурн на чело со Том Кантаровски и незаборавната жива легенда Марион.

Овој состав ќе се погрижи за Македонскиот музички дел кој го слушавме во 80-тите и 90-тите години, оние стари песни кои се незаборавни и кои секој еден Македонец од млад до најстар ги пее и во нашата татковина Македонија.

Специјален гостин на забавата ќе биде и DJ Steve Bootz.

Ова ќе биде посебна можност Македонци кои во 80-тите и 90-тите години се запознаваа во Македонскиот центар во Епинг повторно да бидат заедно и да се потсетат на старите добри времиња.

Тоа место беше извор за запознавање на Македонци со Македонки и многумина од тие познанства прераснаа во брак.

Влезот е само $25, а за резевации моежете да кликнете на овој ЛИНК.

Алтернативно, за сите оние кои сте заинетесирани за резервации можете да се обратите до Том: 0417 551 063 и Стив: 0421 112 319.

Исто влезници можете да си обезбедите и во Kings Fresh Burek.

Адресата на Македонскиот центар (The Heritage Reception) е 512 High Street, Epping, 3076, VIC.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top