Овој викед во Мелбурн ќе се одржи Хуманитарен Концерт “ДЕТСКА НАСМЕВКА ЗА ОВОЈ СВЕТ”

Во Гранд Нерет Ресепшн во 6.30 часот навечер овој викенд ќе се одржи хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески.

Естрадниот уметник од Мелбурн Никола Зацески од сесрце ве поканува на 15ти Фебруари во Grand Neret Receptions  со почеток од 18:30ч на Голем Хуманитарен Концерт “ДЕТСКА НАСМЕВКА ЗА ОВОЈ СВЕТ” кој најголема инспирација е нашиот ангел Тоше Проески.

Покрај тоа што ќе помогеиме на дечињата на кои навистина им е потребна нашата помош, паралелно ќе приредиме богата и незаборавна културна вечер со многу артисти и ансамбли кои го поддржаа овој настан, вели Зацески.

Заедно со Никола Зацески ќе настапат Експрес Бенд, Крис Цагорски, Љупчо Ангелевски, Владо Тасо, Мајкл Костидис со кои сакаме да ве потсетиме најпрво на песните од Тоше во специјален “Концертен Дел”, додека во нашата разновидна културна програма ќе следуваат убави Македонски Народни Песни и Ора а исто така Евергрин и Поп Музика.

Два специјални ансамбли кои го поддржаа овој настан се ТОШЕ и „Bendjo Academy“ каде ќе ни приредат необични и несекојдневни настапи.

- Купете карти и присуствувајте на настанот на 15.02.2020 од 6:30ч навечер во “Grand Neret Reception”.

- Донирајте на „GoFundMe“: gf.me/u/xhcbcn

- Или бидете спонзор.

Повеќе информации на веб страната:
http://www.playwithoutboundaries.com.au
Контакт за карти :
Злате 0409 177 033

Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top