Овој викенд сите патишта водат во Вевчани: Спектакулерен почеток на Вевчанскиот карневал 2019

Од синоќа, со забавниот дел од музичката програма што ја предводи групата „Архангел“, во Вевчани, пред повеќе илјади присутни гости и мештани, започнаа манифестациите од годинешниот Вевчански карневал..

Синоќа, Вевчани беше домаќин и на регионалната музичка група „Галија“.

Музичката програма беше отворена со настапот на рок-групата „Културно уметнички работници“, а за позитивната енергија во завршницата на првиот карневалски ден  се погрижи Диџеј Рутбој.

Пред тоа, беше официјално отворена изложбата на уметнички фотографии „Маски и асоцијации“ од Анастас Ќушкоски.

- Маската е второто лице на човекот. Тој не ја носи маската за да сокрие, туку да си ја разоткрие душата – порача авторот.

Манифестациите продолжуваат денес попладне,со традиционалната карневалската поворка на која вевчанските василичари за првпат ќе ги претстават годинашните маски.

Најавени се над 1000 маски, додека бројот на публиката која ја очекуваат вевчанци, за прв пат, треба да ја надмине бројката од 10.000.

Вечер, во пресрет на дочекот на Новата година по стариот календар, посетителите ќе имаат можност да слушнат повеќе етносостави, меѓу кои и „Баклава“.

Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот со единствена симболика и традиција што се негува повеќе од неверојатни 14 века и кој, според своите специфични особини, се одвојува од другите во светот поради.

Пишува: Веле Митаноски


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top