Овошје кое не дозволува да остарите

Праските се исклучително вкусни, освежувачки и тие го ладат организмот во летните горештини, а притоа се и многу здрави. Тие содржат дури девет витамини..

Пред се се богати со витамините А и Ц, но и витамините Е и К во малку помали количини. Праската, исто така, е одличен извор на витамините од групата Б, тиамин, рибофлавин, витамин Б6, нијацин, фолна и пантотенска киселина. Високата содржина на витамин Ц го зајакнува нашиот одбрамбен систем, а кај пушачите ги ублажува последиците од пушење. Витаминот Ц во праските во комбинација со минералите и ензимите го зголемува бројот на машки сперматозоиди и ги прави повеќе активни, па затоа мажите со редовна конзумација стануваат поплодни.

Праските се многу значаен извор на калиум, така што околу 5 праски можат да ја задоволат потребата на телото за овој минерал. Тие содржат и одредена количина на магнезиум, фосфор, цинк, бакар, манган, железо и калциум.

Поради богатството од витамини, минерали и растителни влакна, а минималната калориска вредност, праската е редовна намирница во диетите за слабеење. Благодарение на растителните влакна ја помага работата на цревата и го елиминира вишокот на течности.

Како одличен извор на еден посебен антиоксиданс, хлорогенската киселина, како и лутеинот, зеаксантинот и криптоксантинот, праските помагаат да се намалат ефектите кои доведувaат до предвремено стареење и хронични оболувања. Овиe антиоксиданси, исто така, ги ублажуваат воспалителните процеси и имаат превентивно дејство против развојот на малигни промени во клетките. Каротенот и нуклеинската киселина во праските влијаат на тоа кожата да остане нежна и млада.

Ова овошје е многу добро и во борбата против стресот. Поради високата содржина на магнезиум, витамин Б3, селен и цинк, конзумацијата на праски за кратко време може да го отстрани лошото расположение. Праските го зајакнуваат и срцето и крвотокот, а го намалуваат и високиот крвен притисок. Затоа искористете го максимално ова овошје и подобрете го вашето здравје.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top