Озил останува „топчија“, но Жиру и Санчез…

Клучни неколку денови за најдобрите играчи на Арсенал, Месут Озил, Оливие Жиру и Алексис Санчез..

Според најтиражните британски весници, најголеми шанси ова лето да остане во редовите на „топчиите“ е Месут Озил, кој сам потенцирал дека сака да остане и понатаму овде и да се бори за клубот од „Емирати“, но тоа не е случај со Санчез и Жиру.

Договорот на Озил со Арсенал истекува идното лето, но британските медиуми тврдат дека тој најверојатно останува и понатаму со Арсенал.

Летната турнеја за Арсенал допрва започнува, по која веројатно ќе се знае кој ќе остане, а кој ќе замине од Арсенал.

Но Оливие Жиру и Алексис Санчез можат да го напуштат клубот на „топчиите“ ова лето, за нив заинтересирани се Евертон и Сити, но прашање е дали Венгер ќе попушти и дали до крај ќе се држи за принципот да не ги продаваат во директните ривали за висок пласман.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top