Пад на цените на нафтата за над 10 отсто, откако Русија не се согласи со предлогот на OPEC

Цените на нафтата потонаа во петокот на меѓународнорните пазар за повеќе од 10 отсто, откако претходно беше објавено дека Русија не се согласува на дополнително ограничување на снабдувањето кое го предлагаат членките на Организацијата на земjите извознички.

Според податоците од берзите, во 21 часот по македонско време цената на априлските фјучерси за сировата нафта од марката WTI паднала за 10,17 отсто, на 41,23 долари за барел. Истовремено мајските фјучерси за севрноморската нафтена смеса од марката Brent паднале за 9,4 отсто, на 45,29 долари за барел.

Претходно во раните попладневни часови од тргувањер, цената на нафтата на лондонскиот пазар беше во минус од 1,93 долари, лизнувајќи се на 48,06 долари. Во истиот износ потона истовремено и на американскиот пазар, каде што со барелот се тргуваше по цена од 43,97 долари.

Високопозициониран руски извор претходно за агенцијата Reuters рече дека Москва нема да го поддржува предлогот на OPEC снабдувањето со енергенсот да се ограничи за дополнителни 1,5 милиони барели дневно. Ќе се согласи само на продолжување на важечкиот договор за ограничување на снабдувањето за 1,7 милиони барели дневно, додал.

По завршувањето на средбата на групацијата OPEC+, односно земјите од нафтениот картел и другите земји извознички на нафта предводени од Русија, беше објавено дека не е постигнатата согласност за измени на постојниот договор или негово продолжување. Како што изјави за руските медиуми рускиот министер за енергија, Алескандр Новак, групацијата ќе продолжи да работи во рамките на сегашниот договор за соработка, но од 1-ви април никој нема да има никави обврски да го огранички своето производство.

„Сите ќе претрпат штети на нафтениот пазар. Крахирањето на овој договор значи дека ќе видиме тргување со нафтата близу 40 долари за барел“, предвидува за агенцијата Bloomberg вишиот стратег за пазарите на сировни во „RJO Futures“, Џош Грејвс.

„Важно е само што ќе стори Саудиска Арабија. Работите нема значително да се променат доколку Русија се приклучи. Мораме да видиме дали OPEC е подготвен сам дополнително да го намали снабдувањето“, истакнува за агенцијата Reuters Оливие Џејкоб од „Petromatrix“.

Неименуван извор од Блискиот исток за Reuters рекол дека OPEC нема намера тоа да го прави без Русија. Извори од организацијата ги потврдиле рускиот став и официјалниот состанок на групацијата ОPEC+ беше одложен. Независниот произведувачи потоа одржале засебен состанок.

Независните производители би требало да го намалат снабдувањето за дополнителни 500.000 барели дневно, барале министрите на членките на OPEC. Преостанатиот милион барели дневно би одел на сметката на картелот. Тоа значи дека со новиот договор снабдувањето од OPEC+ би било ограничено за вкупно 3,6 милиони барели дневно, што претставува околу 3,6 отсто од светската понуда.

„Нашите пресметки покажуваат дека во второто тримесечје од пазарот би требало да се ‘тргнат’ два милиона барели дневно, за да се осигури стабилизирање на цената на нафтата. Доколку OPEC се откаже од предлогот за намалување на снабдувањето за милион барели дневно во вториот квартал, резултатот… би можел да биде поразувачки“, предупредува во анкетата на Reuters Бјорнар Тонхауген од „Rystad Energy“.

Американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ во својата белешка до клиентите смета дека договорот на OPEC+ и онака не би го спречило прекумерното снабдување на глобалниот пазар во вториот годинешен квартал. Ја потврдуваат прогнозата според којашто со барелот во април на лондонскиот пазар би требало да се тргува по 45 долари.

„Во крајна линија, неопходен катализатор за одржливото закрепнување на цените во секој случај ќе биде растот на побарувачката, а не намалувањето на понудата“, истакнуваат аналитичарите на „Goldman Sachs“.

Глобалната побарувачка, пак, е сериозно затресена од епидемијата на коронавирусот поради којашто многу земји ги ограничија патувањата и воведоа карантини, а затворени се и многу производствени капацитети ширум светот.

Австралиската банка ANZ проценува дека глобалната потрошувачка на нафта во првата половина од годинава може да падне за 1,6 милиони барели дневно, како и за околу 300.00 барели дневно во текот на целата година.

„Во втората половина од годинава би можела (потрошувачката) повторно да порасне, но веројатно не довлно за да се неутралзиира падот од претходните перидоот“, се додава во белешката на банката ANZ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top