Падна и официјално првиот отказ во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед ја започна чистката во своите редови. За ова лето се најавуваат големи промени, а се почна од У23 тимот каде отказ доби тренерот Рики Сбрагиа.

Шефот на академијата на „црвените ѓаволи“, Ники Бат доби задача потполно да ги реконструира сите категории под првиот тим, а за тоа ќе има помош од уште еден поранешен играчи, Фортун.

Кога сме кај Сбрагиа да кажеме дека тој по вторпат го напушта Манчестер. Со У23 тимот во последните две сезони имаше исклучиво лоши резултати.

Одредени промени секако ќе следат и во првиот тим. Секако, за сега откази нема да има, но в ростерот на екипата ќе бидат направени промени.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top