Падна уште една тренерска глава во Премиер лигата

Италијанскиот стратег Клаудио Раниери вечерва е отпуштен од екипата на Фулам, каде беше назначен за привремен тренер да го спасува клубот од излегување во понизок ранг, но вечерва му беше врачен отказ..

Искусниот Раниери кој со Лестер пред неколку сезони беше шампион во Премиерлигата, во Фулам пристигна во средината на месец ноември, но по само 106 дена ангажман на „Кревен Котиџ“ заминува неуспешно.

„По нашиот денешен разговор ова утро, Раниери се согласи со нашата одлука која е во интерес на сите. Раниери беше и остана џентлмен. Му благодариме за се што стори за Фулам, тој го напушта нашиот клуб како пријател, а ние знаеме дека повторно ќе биде успешен некаде во кариерата“, порача сопственикот на Фулам, Шахид Кан.

Фулам е претпоследен на табелата во ПЛ со 17 бодови, а во следното коло игра против Челси, во недела.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top