Паѓа рекордот на Конте, Алегри сериозно се заканува

Со победата против Фросиноне, Јувентус му избега 14 бода на второпласираниот Наполи и во Торино полека се лади шампањот за шампионската титула..

Со тој триумф Јуве стигна до 66 бода во првенството од 24 одиграни кола. Тоа е повеќе од легендарниот тим на Конте кој во истиот период имаше три бода помалку, но на крајот заврши со рекордни 102. Ако Алегри продолжи со овој ритам, би можел да дојде до 104, но ќе има многу тешки испити до крајот на сезоната, како гостувањето кај Наполи на 3 март.

Сепак, Алегри има и друга можност, а тоа е да стане прв тренер кој ја завршил сезоната без пораз во Серија A.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top