Пак како пред две години: Познат е точниот термин на првото Ел Класико

Пак како пред две години: Познат е точниот термин на првото Ел Класико.

Првото Ел Класико оваа сезона е закажано за 28 октомври (недела) од 16:15 часот на Камп Ноу. Истиот термин беше и пред две години, на 3 декември 2016 кога големите ривали одиграа нерешено (1-1).

Барселона нема победа на домашен терен против Реал повеќе од 3,5 години, односно од 22 март 2015 година. Од следните три пресметки на Камп Ноу, “кралевите” забележаа една победа, а две завршија без победник. Од друга страна, Барса славеше на трите последни гостувања на Бернабе во рамките на Ла Лига.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top