Пак проблеми во Лигата на шампионите: Сити-Реал нема да се игра!?

Играњето на возвратниот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Реал е доведен во опасност по одлуката на британскиот премиер Борис Џонсон, сите кои доаѓаат од Шпанија да поминат 14 дена во карантин..

Натпреварот е закажан за 7 август во Манчестер што значи дека фудбалерите на Реал би требало да тргнат вечерва за Англија за можат да излезат на Ел Итихад. Ова се први проблеми пред планираното продолжување на Лигата на шампионите кое треба да се случи пет месеци по прекинот поради пандемијата со корона вирусот.

УЕФА внимателно ја набљудува ситуацијата и веројатно деновиве ќе излезе со решение. Едно од нив е натпреварот да не се игра во Манчестер што нема да му оди во прилог на Сити иако тимот на Пеп Гвардиола има предност од 2-1 по првиот меч во Мадрид.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top