Пак врие во Реал: Зидан во конфликт со Флорентино

Претседателот на Реал, Флорентино Перес никако да го остави Зинедин Зидан сам да си ги врши работите кога станува збор за трансферите..

Наводно, Французинот повторно е лут затоа што првиот човек на клубот зад неговиот грб го договорил трансферот на Дони ван де Бек од Ајакс. Младиот Холанѓанец би чинел околу 70 милиони евра, но тој не е по меракот на Зидан кој упорно инсистира на Пол Погба.

Мадридските весници АС и Марка се обидуваат да ја смират тензијата со информација дека трансферот на Ван де Бек нема да има реперкусии врз преговорите за Погба, но Реал има само уште една недела да го донесе францускиот репрезентативец за кого Јунајтед не отстапува од бараните 180 милиони евра.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top