Палермо половично ја преплива Венеција со „македонските гондоли“

На првиот бараж натпревар за пласман во Серија А, Палермо на вечерашното гостување во Венеција, одигра нерешено 1:1..

Први поведоа фудбалерите на Палермо преку Гумина во 53. минута, но нивната радост траеше кратко, па домаќинот Венеција преку Марсура изедначи на 1:1 во 57. минута.

На оваа средба Александар Трајковски беше дел од првиот состав, за во финишот од средбата, во 87. минута, да биде заменет од вториот македонски интернационалец во Палермо, Илија Несторовски, кој се врати на терен, по интензивното опоравување од повредата.

Во првиот таканаречен полуфинален двобој, Палермо одработи добри 1:1 на гостувањето во Венеција, а реваншот им е закажан за 10 јуни. Како за потсетување, само најдобрата од овие 4 екипи ќе може да се надева на пласман во Серија А.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top