Палестинскиот претседател одби да се сретне со потпретседателот на САД

Палестинскиот претседател Махмуд Абас нема да ја одржи планираната средба со американскиот потпретседател Мајк Пенс, соопшти неговиот дипломатски советник Маџи ал Хаиди..

- Нема да има средба на Абас со американскиот потпретседател во Палестина. САД ги преминаа сите црвени линии со одлуката за Ерусалим - истакна Ал Хаиди.

Белата куќа претходно предупреди дека откажувањето на средбата, планирана за подоцна овој месец на Западниот брег би била „контрапродуктивна“.

Сепак, под притисок на домашната јавност, Абас одлучи да го игнорира Пенс заради одлуката на претседателот Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top