Палмер денеска во Скопје, за Преспанскиот договор на средби со Заев и Димитров

Метју Палмер, зменик-помошникот државен секретар на САД, денеска ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција..

„Палмер ќе пристигне во Македонија на 22 октомври за да разговара за поддршката на САД за преспанскиот договор и важноста на напредокот на македонската реформска агенда”, соопшти амбасадата на САД во Македонија.

Палмер во Македонија доаѓа по посетата на Србија, каде што учествуваше на Белградскиот безбедносен форум.

Предвидено е Палмер да се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а во 18 часот, по средбата со премиерот Зоран Заев, заедно ќе одржат конференција за медиумите во Владата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top