Панчевски со кривични против Јанева, ОЈО ќе истражува

Поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, поднесе кривични пријави против Катица Јанева..

Од Јавното обвинителство велат дека се отворени предистражни постапки и дека трите кривични пријави се споени во еден предмет. Ваквата одлука на Панчевски произлезе од минатогодишните настани кога гевгелискиот суд одобри претрес кај Панчевски дома и во судот. 

Во октомври лани, СЈО му ги одзеде мобилните телефони и компјутерите, под соменение дека местел предмети на СЈО кај судии од доверба. 

Сé уште нема информации дали се сослушани Катица Јанева и судијката од гевгелискиот суд Злата Попова, која ја одобри наредбата за претрес.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top