Пандев: Цел живот ќе сум му благодарен на Интер

Македонкиот репрезентативец, Горан Пандев продолжи и понатаму да ги „тресе“ своите поранешни клубови, па откако погоди против Лацио, истото го стори и вчера против Интер..

Џенова ги совлада „нераѕурите“ (2-0) и им ја продлабичи кризата, а по мечот еден од јунаците во победничкиот тим, Пандев имаше само убави зборови за својот поранешен тим.

„Цел живот ќе сум му  благодарен на Интер, тоа е клубот  кој што ме донесе во Италија и со кој освоив тројна круна. Но, ова беше меч на кој Џенова мораше да победи, одигравме одлично и заслужено стигнавме до бодовите, особено с со извонредниот настап во второто полувреме. Искрено се надевам  и му посакувам на Интер да се пласира во ЛШ, бидејќи тоа е голем клуб што го заслужува тоа“, изјави Пандев.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top