Пандев ги стресе Италијанците: Македонија нема што да изгуби

Горан Пандев е главна ѕвезда во италијанските медиуми во пресрет на вечерашниот натпревар од квалификациите за Светското првенство меѓу Италија и Македонија..

На “аѕурите” им одговара само победа за да останат во игра за првото место на табелата и да го избегнат баражот, но Пандев ги стресе со изјавата дека Македонија нема што да загуби и дека ќе игра растоварено и по три бода.

„Италија е мој втор дом и со нетрпение го очекувам натпреварот. Сите знаеме дека домаќинот е фаворит, но ние немаме што да загубиме овде. Имаме многу млади квалитетни фудбалери, ова е нова генерација со мало искуство на важни натпревари, но од друга страна имаме фантастична атмосфера и пред нашата репрезентација е светла иднина”, изјави Пандев за италијанските новинари.

Натпреварот меѓу Италија и Македонија се игра вечерва од 20:45 часот во Торино. Нашата селекција има шанси да стигне до петтото место на табелата, но потребни се две победи во последните два натпревари.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top