Пандев: Реми ќе беше најреално, но вака победуваат големите репрезентации

Горан Пандев со право беше разочаран по денешниот пораз од Полска, откако гостите со еден единствен удар кон нашиот гол стигнаа до трите бода во Скопје..

„Разочаран сум, загубивме еден многу важен натпревар и имаме за што да жалиме. Одигравме добар меч, тактички одлично, цврсто, но примивме еден несреќен гол на стартот од второто полувреме и не успеавме да се вратиме. Најреално ќе беше мечот да заврши нерешено бидејќи и противникот не создаде стопроцентна шанса во текот на 90-те минути. Овој пораз доаѓа во лош момент бидејќи одигравме многу добро и не заслуживме да загубиме“ – истакна македонскиот капитен.

Пандев е свесен дека разочарувањето мора експресно да се надмине, бидејќи за само неколку дена ќе следи дуелот со Австрија, директниот конкурент за второто место во групата.

„Пред нас е уште еден важен натпревар, можеби и одлучувачки за второто место бидејќи ако го добиеме ќе имаме големи шанси за таа позиција на табелата. Денешниот пораз ни донесе разочарување, но во фудбалот се чести ваквите натпревари, а големите репрезентации се познати токму по тоа што со една полушанса стигнуваат до победи. Мораме да се одмориме, а од утре погледите целосно да ги свртиме кон Австријците“ – порача Горан Пандев.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top