Пандов: ВМРО-ДПМНЕ е губитник на изборите, сега луѓето вртат глава од мене

ВМРО-ДПМНЕ доживеа пораз на локалните избори.

ВМРО-ДПМНЕ доживеа пораз на локалните избори, што мене крајно непријатно ме изненади и не очекував да се случи, рече Александар Пандов вечерва на „Само вистина“ на Канал 5.

-СДСМ го има истиот резултат од последните избори, а ВМРО-ДПНЕ изгуби 120.000 гласови. Бројот на добиени општини укажува дека СДСМ е победник, а ВМРО-ДПМНЕ е губитник. Анкетите укажуваа дека ќе има рамноправна битка, затоа сум изненаден. Резултатите од синоќа не покажаа мала разлика. Се над 50.000 гласови е сериозен пораз. Јасно беше дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е намален. Кога се движам меѓу луѓето гледам како тие реагираат. Претходно ме поздравуваа, а во овој период луѓето вратат глава од мене и прашуваат што се случи, рече Пандов.

Тој потоа зборуваше за политички инжинеринг, кој се случувал уште од 2009 година кога почнало прислушувањето на луѓето од тогашнат власт на ВМРО-ДПМНЕ.

-Објавувањето на тие разговори, а потоа и СЈО го намалуваа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, рече Пандов алудирајќи дека тоа било изборниот инжинеринг.

Фокус


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top