Паника меѓу патниците, авионот паѓал повеќе од девет километри

Патниците не летот на „Делта еирлајнс“ доживеале шок затоа што авионот паѓал повеќе од девет километри..

За време на летот дошло до проблем со притисокот во кабината, соопшти авио компанијата, чиј авион на релација од Атланта до Форт Лодердејл  е пренасочен во Тамп на Флорида каде безбедно слетал.

Маски со кислород искочиле од плафонот на авионот, а потоа следел хаос меѓу патниците, вели еден од патниците за телевизијата „WSB“.

Една од стјуардесите повеќе пати на разгласот ги замолила луѓето да не паничат, но тоа не помогнало.

Се уште не се знае причината за ненадејниот пад на авионот, но леталото е моментално на испитување.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top