Паника во Љубљана: Евакуирана железничката станица поради сомнителна торба - кога ја отвориле имало што да видат

Главната железничка станица во Љубљана и околните згради денеска се евакуирани поради сомнителна торба, меѓутоа во неа е пронајдена само облека..

Како што пренесува словенечката агенција СТА, тоа се случило околу 7 часот утрово, а поради тоа бил блокиран сообраќајот меѓу железничката и автобуската станица.

Како што се наведува, на терен дошол и специјален полициски тим за да ја детонира торбата, за која се утврдило дека е безопасна.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top