Папата Франциск венчаше стујард и стујардеса во авион

Папата Франциск направи историска свадбена церемонија венчајќи стјуардеса и стујард на авионот кој патувал меѓу градовите во Чиле, објави Би-би-си..

Пола Подест Руиз (39) и Карлос Чиуфарди Елорига (41), кои претходно се регистрирале во државна служба, побарале од папата да го благослови нивниот брак.

Двојката соопшти дека не биле во можност да извршат свадбена церемонија во нивната црква во главниот град Сантијаго поради тоа што била оштетена во земјотресот во 2010 година.

Папата Франциск предложи да изведе кратка церемонија за време на краткиот лет од Сантијаго до градот Икике во северниот дел на Чиле. За сведок на церемонијата беше земен шефот на авиолинијата.

На обичен листа хартија кардиналот рачно напиша брачен документ, на кој се потпишаа невестата, младоженецот и сведокот.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top